Просечната нето плата во август 22.912 денари
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во август изнесувала 22.912 денари и е зголемена за 2,8 проценти во споредба со истиот месец минатата година.
Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на покачувањето на нето платата во секторите Рударство и вадење на камен за 32,7 проценти, во Уметност, забава и рекреација за 10,9 проценти и во Стручни, научни и технички дејности за 9,4 проценти.
Во однос на минатиот месец, зголемување на нето платата има во секторите Рударство и вадење на камен за 31,2, Уметност, забава и рекреација за 10,8 проценти и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 проценти.
Во август бруто платата по вработен изнесувала 33.675 денари и е зголемена за 2,7 проценти.
Статистичките податоци покажуваат дека во август 1,1 процент од вработените не зеле плата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален