Просечната оценка од јунската државна матура 3.42
Вкупната просечна оценка од испитите по сите предмети од државната матура во 2017/2018 година е 3.42 што е мало подобрување од минатата година кога средната оценка беше 3.39.
Средната оценка од полагањето на трите екстерни испити во јуни денеска на прес-конференција ја соопштија министерот за образование и наука Арбер Адеми и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Лидија Ѓошевска.
Според податоците што ги соопштија, највисока просечна оценка е постигната по предметот турски јазик 4.18, а најслаба оценка е од англиски јазик 2.91.
Министерот Адеми рече дека се задоволни од просечната оценка затоа што има благ раст на успехот што, како што рече, индикатор е дека и покрај сите предизвици и состојбата во образованието тоа е на добар пат кон подобар квалитет.
Од вкупно 43.331 реализирани испити не биле положени 2.512, односно 5,8 проценти.
Завршен е и рокот за приговори. Биле поднесени до ДИЦ 480, а како основани биле прифатени 130. За тие што во јуни не ја положиле државната матура или не во целост, следната испитна сесија е на 12, 13 и 14 август.
Ново на Сител
-
Ѓоковиќ ја нарече неправедна казната на Јаник Синер
-
Кајри Ирвинг сака да настапува за Австралија
-
Арсенал казнет од Фудбалската асоцијација на Англија
-
Родителите оставија пораки во основните училишта во Нови Сад: Нема правда – нема училиште
-
Кина се надева дека „сите засегнати страни“ ќе учествуваат во мировните преговори за Украина
-
Еврогрупата го поддржува влезот Бугарија во Еврозоната откако ќе ги исполни поставените критериуми
-
Изгоре куќа во центарот на Куманово
-
Пронајдено оружје при претрес на два дома во Кичевско