Просечни приносите на мед во кочанско

Пчеларите во кочанско не се задоволни од приносите на мед добиени минатата година кои изнесуваат од осум до 10 килограми по пчелно семејство.
Според пчеларите, временските услови се причина приносите на мед да бидат просечни.
- Во месноста „Обозна“ над Виница каде што се одгледуваат пчелни семејства, пчеларите имаа сосема просечен принос за разлика од 2015 година, изјави Слободан Данилов, пчелар од Кочани.
Тој посочува дека проблем во студениот период е здравствената состојба на пчелите и појавата на болеста ноземоза која е кобна за пчелните семејства.
Пчеларите сметаат дека допрва ќе се пресметаат загубите на пчелните семејства кои би се движеле од околу 30 или 40 проценти во зависност од совеста на пчеларот и од тоа колку е успешно зазимувањето на пчелите.
Тие додаваат дека приходите од субвенции претставуваат сигурност за нив, но посочуваат дека сеуште има нелојална конкуренција на пазарот и оти во трговските маркети се продава мед со сомнителен квалитет.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
