Проштална средба на Димитров со литванската амбасадорка Каириене

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Република Литванија во Република Северна Македонија, со седиште во Будимпешта, Раса Каириене.
Како што соопшти МНР, на средбата беше направен краток преглед на досегашниот развој во пријателските односи меѓу двете земји, при што беше искажано особено задоволство што Литванија беше меѓу првите држави кои го ратификуваа Протоколот за пристапување на нашата држава во НАТО.
-Соговорниците ја истакнаа заемната заложба за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог, преку редовна размена на посети на високо ниво, како и потребата од натамошно продлабочување на билатералната соработка, пред сè на економски план и промоција на туристичките потенцијали, стои во соопштението.

Димитров, се додава, упати посебна благодарност до амбасадорот Каириене за нејзиниот личен придонес во унапредувањето на билатералните односи, посакувајќи ѝ успех во нејзината натамошна дипломатска кариера.
Ново на Сител
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
