Проштална средба на Османи со шведската амбасадорка Форсгрен Бенгтсон

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Шведска, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која изрази благодарност за нејзиниот континуиран ангажман во насока на интензивирање на билатералната соработка помеѓу двете пријателски земји за време на нејзиниот мандат.
Како што соопшти МНР, во рамки на разговорот, министерот Османи ја потенцираше важноста на шведската развојна поддршка за реформските процесите во Северна Македонија, особено во областа на владеење на правото, демократизација на општеството, развивање на пазарна економија, како и заштита на животната средина и ублажување на негативните последици од климатските промени.

Воедно, се додава во соопштението, Османи се заблагодари за принципиелната и конзистентна шведска поддршка за брз и мериторен напредок во пристапниот процес на Северна Македонија кон полноправно членство во Унијата, особено имајќи го во предвид претстојното шведско претседавање со Советот на Унијата во првата половина од 2023 година.
Дополнително, министерот Османи информираше дека Северна Македонија ги депонираше во Стејт департментот на САД, инструментите за ратификација на протоколите за членство на Шведска и Финска во НАТО, со очекување процесот целосно да се заокружи и што поскоро приклучување на двете земји како полноправни членки во Алијансата, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Визна либерализација меѓу темите на вториот Стратешки дијалог со САД
-

Советот на обвинителите ја прифати оставката на Ленче Ристоска
-

Досега откупени над 100.000 јагниња по цена од 280 денари, на сточарите исплатени над 1 милијарда денари субвенции
-

Уставен одлучи: Се зголемуваат платите на судиите
-

Законот за правична застапеност го помина владиниот филтер – на ред е Собранието
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кревко примирје меѓу САД и Иран
-

Падна цената на нафтата на светските берзи, но неизвесноста за Ормутскиот теснец останува
