Македонија
29. October 2019 - 21:42

Проштална вечера на Могерини со лидерите на земјите од Западен Балкан

Премиерот Зоран Заев заедно со лидерите од балканските земји вечерва присуствуваа на работна вечера со досегашната шефица на европската дипломатија , Федерика Могерини. 

,Федерика ни беше поддршка и во моментите на криза и во моментите на успех. Вистинска пријателка на нашиот народ и на целиот Западен Балкан. Вечерва со лидерите од регионот сме собрани во нејзина чест во Брисел, да заокружиме едно сериозно поглавје од нејзината кариера.

Федерика, ти благодариме за посветеноста, твојот ангажман е многу значаен за трансформацијата на Балканот во регион од кој извира мир и стабилност." , напиша премиерот Заев на ФБ.