Фудбал
31. October 2017 - 14:34

Просинечки демантира позив од Србија

Роберт Просинечки, легендата на Црвена звезда, рекол дека му е „преку глава“ од Балканот и дека нема да биде новиот селектор на Србија.
 
Секогаш кога во Белград или Загреб ќе се испразни некое тренерско место медиумите шпекулираат со моето име. Искрено, уморен сум од сето тоа, од тие приказни. Што и да изјавам, другата страна ќе го коментира тоа. Да се разбереме, национално немам никакво оптоварување да ја тренирам Србија, но мене од Белград никој не ме побарал, рекол меѓудругото за „Вечерњи лист“.
 
„Им благодарам на оние кои го поврзаа моето име, но јас немам да бидам селектор на Србија, не ми се работи на овие простори. Тоа само би ми создало притисок, ќе треба да разговарам со сопругата, којо со ова одлично се носи. Но, таа  секогаш е весела кога ќе добијам понуда од Кајзери или Баку. И таа сака да сме далеку од овој регион, каде што притисокот е голем, а и јас многу поинаку функционирам“, рекол Просинечки.
 
Поранешниот хрватски репрезентативец и фудбалер на Динамо, Црвена звезда, Реал, Барселона, Севилја, до пред две недели беше селектор на Азербејџан. Во квалификациите со оваа репрезентација успеа да освои десет бодови.
 
„Во Србија има доста луѓе со кои сум во добри односи, стекнав пријатели за цел живот. Но, повторувам, кога станува збор за работа на овие простори, тоа е далеку зад мене. И темата во која се споменувам како селектор на Хрватска ‘не пие вода’. Кога бев без работа никој не ме побара“, завршил Просинечки.
 
Инаку, овој 47-годишен тренер медиумите извесен период го поврзуваа и со репрезентациите на Словенија, односно Босна и Херцеговина.