Прослава на Велигден во Крива Паланка

Со богослужбата Голема пасхална вечерна во божјите храмови свети великомаченик Димитриј и во манастирот свети Јоаким Осоговски, утринава во Крива Паланка почна прославата на големиот празник Воскресение Христово-Велигден. На богослужбата приствуваа голем број верници.
И градот, но и манастирскиот комплекс се исклучително посетени, Крива Паланкa деновиве е дестинација за повеќе илјади туристи. Манастирот е вистински магнет за духовен и релаксирачки одмор во пазувите на Осогвоските планини во овој продолжен празничен викенд.
Комплексот со конаци, сместувачки капацитети во хотелот и ресторанскиот дел се преполни туристи од разни краеви на Македонија, но и од Бугарија и Србија. Бројот на гости во манастирот дневно надминува 1.000.
Синоќа во црквата во Крива Паланка со службата на Воскресение Христово чиноначалствуваше митрополитот Кумановско Осоговски г. Јосиф. И во претстојните два дена од Велигден, и во св. Јоаким Осоговски и во свети Димитриј ќе се служи Света божествена литургија, информираат од кривопаланечкото архиерејско намесништво на Кумановско-осоговската епархија.
Ново на Сител
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
-

Неопходно е да се работи на проширување на сезоната
-

СДСМ: Мицкоски кривично да одговара за Гостивар
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
