Прослава по повод Денот на Армијата и јубилејот „30 години Армија“
– Денот на Армијата 18 Август и јубилејот „30 години Армија“ ќе бидат одбележани со целовечерен настан организиран под мотото „30 години безбедност, стабилност, доверба“ на Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје.
На настанот, што ќе започне во 19:00 часот, ќе присуствуваат министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал – потполковник Васко Ѓурчиновски.
Одбележувањето ќе започне со традиционалното испукување на плутони. Ќе биде презентирана најновата и најсофистицирана опрема на Армијата вклучувајќи ги и новите оклопни транспортери JLTV Oshkosh, ќе бидат прикажани вештините на армиските специјалци, а предвидена е показна точка со армиските кучиња.
Јубилејот на Армијата ќе биде прославен со настап на Воениот оркестар, по што следува богата музичка програма со настапите на Кики (Дајте музика), Пере (Нокаут), Дац и Александар, Last Expedition, DJ Babura Jr. и Еурека танцовото студио.
Ново на Сител
-
Ковчегот на папата Франциск ќе биде запечатен вечер на литургиски обред
-
Џејсон Кид стана косопственик на Евертон
-
Влаховиќ се повреди
-
Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
-
Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман
-
Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно
-
САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974