-->
-->
Протест на грчките фудбалери
-->
Меч од втората грчка фудбалска лига беше одложен за две минути, откако 22 фудбалери седнаа на тревата во знак на протест против се поголемата смртност на мигрантите кои се обидуваат да стигнат до егејските острови во Егејското Море.
Гестот на солидарност се случи на натпревар меѓу АЕЛ Лариса и Ахарнаикос, в градот Лариса во петокот, кога само што беше означен почетокот на мечот, сите 22 играчи, тренерите и помошниците седнаа во тишина од две минути да покажат почит кон оние кои ги загубиле своите животи обидувајќи се да избегаат од конфликтните места како Сирија и Ирак.
Во официјалната изјава на клубовите стои: „Администрацијата на АЕЛ, тренерите и играчите ќе останат две минути во тишина по почетокот на мечот во сеќавање на стотиците деца кои продолжуваат секојдневно да гинат во Егејското Море поради бруталната незаинтересираност на ЕУ и Труција.
Играчите на АЕЛ ќе протестираат седејќи две минути со цел да ги поттикнат надлежните да се мобилизираат и да спречат да има жртви на грозоморни злосторства што се случуваат во Егејот“.
Грција стана главна порта за бегалците кои пристигнуваат во Европа, а многумина од нив го ставаат животот на коцка за да преминат од Турција во Грција, превезувајќи се со небезбедни чамци или пренатрупани бродчиња.
Пет деца загинаа меѓу последните 33 мигранти кои се удавија во Егејското Море откако нивниот брод потона во саботата, во обид да стигне од Турција во Грција.
Гестот на фудбалерите доаѓа 24 часа по објавата на Олимпискиот комитет дека олимпискиот оган за Олимписките игри во Рио де Женеиро 2016 ќе помине низ бегалскиот камп во Атина, а еден мигрант ќе го носи факелот неколку километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МОН мобилизира мрежа од 100 психолози за да помогнат на кочанчани и околината
-
Вонредни инспекции ги тресат угостителите
-
Се проверуваат сите 1.100 лиценци издадени согласно Законот за градба, речиси 100 се одземени
-
Млади од Тетово бараат правда за несреќата во Кочани, но и за Ласкарци и модуларната болница
-
Преглед на вестите од светот
-
10 пациенти пуштени на домашно лекување, Таравари апелира граѓаните да не собираат пари сами, лекувањето е бесплатно
-
27 лица и 3 фирми осомничени за пожарот во Кочани, 30-дневен притвор за екс министерот Бектеши
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти