Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот

– Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово.
-Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ.
Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“.
На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.
Ново на Сител
-

Владата со демант за набавка на вода за Гостивар: Договорот преку тендер го доби „Кожувчанка“, СДСМ ја манипулира јавноста
-

Министерството за енергетика: Домашниот електроенергетски систем е стабилен и подготвен
-

Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс
-

Меколи Калкин се сретнал со „Дизни“ за „Сам дома 7“
-

Актерот Бен Афлек освои милион долари во квизот „Кој сака да биде милионер“ - ги донираше на локалните заедници во Конго
-

Сингапур им забрани на „Масив атак“ влез во земјата поради палестинското знаме
-

Во западна Турција откриена ретка статуа стара 2.500 години
-

Ендрик сака да го напушти Реал
