Протест на патници во шпански авион против депортација на Сенегалец

Група патници на шпанската нискобуџетска авионска компанија „Вуелинг“ го блокираа авион на летот од Барселона до сенегалскиот главен град Дакар, протестирајќи против депортацијата на еден Сенегалец од Шпанија.
Инцидентот се случил кога Сенегалецот, со лисици на рацете и во придружба на двајца припадници на шпанските имигрантски власти, бил внесен во авионот за да биде депортиранво својата земја.
Тој веднаш почнал гласно да протестира затоа што не добил виза за престој и работа во Шпанија и што принудно го враќаат дома, по што уследила „спонатана реакција“ на 11 од вкупно 176 патници во авионот.
Тие се солидарилизирале со Сенегалецот и со својот протест онезвозможоле авионот да полета за сенегелскиот главен град.
Интервенирала шпанската полиција која за да ја смири ситуацијата, наредила целосна евакуација на авионт.
По околу три часовно сослушување, полицијата дозволила патниците да се вратат во авионот, но без 11-те демонстранти кои биле задржани во аеродромот.
Според шпанските медиуми, тие сите се соочуваат со високи парични казни и до 225 илјади евра поради загрозување на безбедноста во авионскиот сообраќај и за предизвикување штета за компанијата.
„Вуелинг“ лета за Дакар еднаш неделно и поради инцидентот со депортираниот Сенегалец, комапнијата имала дополнителни трошоци со одлагање на летотот, како и затоа што морала да ги смести во хотел во каталонскиот главен град сите 164 патници.
Медиумите откриваат дека една шпанска хуманитарна група, која не се согласува со депортација на имигрантите, извела неколку вакви акции во аеродромите во Шпанија.
Оваа земја годинава се соочува со зголемен прилив на мигранти од земјите на Африка, но тој број е неспоредливо помал од оној во Италија или Грција.
Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
