-->
-->
Протест на роднините и пријателите на неправедно и политички притворените лица од настаните во Собранието
-->
Пред Основното јавно обвинителство денес се собра група на граѓани кои ја дадоа својата поддршка на сите притворени лица по немилите настани во Собранието на Република Македонија на 27 април минатиот месец.
-Тие луѓе не треба да бидат притворени бидејќи тие луѓе се патриоти кои 65 дена секој ден мирно и достоинствено излегуваа на улиците на Македонија и на градот Скопје се со цел зачувување на Република Македонија која е држава на сите граѓани која е мултиетничка, а не држава која ќе биде двојазична и бинационална. Стотици илјади граѓани во дијаспората и кај нас нема да дозволат Македонија да не постои, затоа до Основното јавно обвинителство овде, но и до целата македонска и светска јавност апелираме тие луѓе веднаш да бидат ослободени, изјави Климент Стоилов еден од родителите на приведените лица.
Тој потенцираше дека тие исти луѓе беа провоцирани од така нареченото мнозинство кое сега сака да ја води државата, а тие истите ги погазиле сите демократски средби по основ на кршење на Устав како и Деловник за работа на парламентот и изгласаа нелегитимен претседател, а целата процедура околу избирањето на претседател буквално било изведено на шверцерски начин со што се уништува демократијата во Република Македонија.
-Уште еднаш апелирам до Јавното обвинителство да ги ослободат тие луѓе бидејќи тие ништо лошо немаат направено, сакам да и кажам и на полицијата дека пред две години кога протестираа „шарените“ и направија многу штета на Република Македонија, додека овие граѓани кои ја поддржуваат граѓанската иницијатива „ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА“ овие 65 дена не згазија ниту на цвеќе, освен провокацијата на 27 април и со нелегитимниот избор на претседател, вели Стоилов.
Тој истакна и дека Македонија патриоти, синови и ќерки имала и ќе има, а истите ќе бидат бранети со сите средства што им се располагање за да Македонија биде вечна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо
-
Подарок од срце за Светскиот ден на животните: dm донираше 678 килограми храна на три скопски прифатилишта за кучиња
-
Таравари вети вработување на половина од средно медицинскиот персонал што работи со договор на дело
-
Коцевска: Нема потреба од носење на Закон за амнестија, треба поголема примена на условниот отпуст со заштитен надзор
-
Расчистени повеќе диви депонии во општините Сарај, Карпош, Центар, Бутел и Чаир
-
Кликс: Најмалку 10 лица загинаа во поплавите во БиХ, побарана помош од Оружените сили
-
Македонски државјанин уапсен во Косово при обид заедно со други две лица со трактор нелегално да ја премине границата