Протест на студенти муслимани во Берлин

Стотина муслимански студенти на „Техничкиот универзитет“ во Берлин денеска протестира против одлуката на менаџментот на високошколската установа да ја затвори просторијата каде што студентите досега можеа да одржуваат верски обреди.
Муслиманската студентска организација на овој универзитет бара повторно да се овоможи студентите да можат да се молат за време на престојот во универзитетската зграда.
„Минатиот петок бевме инфомирани дека просторот за молитва надвор од зградата на Техничкиот универзитет во Берлин ќе биде затворен. Студентите добиле закана дека ако повторно се молат на универзитетот ќе бидат уапсени од полицијата“, изјави Давут Трансаре портпарол на муслиманската студентска организација на универзитетот.
Претходно, во средината на март, уште два други универзитети во Германија Техничкиот Уиверзитет во Дортмунг и во Есен Дуизбург, ги затворија посебните простории наменети за молитва. Одлуката била донесена со образложение дека не е можно да се обезбеди простор за сите религии кои што се присутни во земјата и дека ако студентите сакаат да се молат за време на предавањата тие ќе мораат да ги посетат блиските верски објекти. Тогаш ректорот на техничкиот универзитет во Берлин Кристијан Томсон за весникот Зи Дојче Цајтунг изјави дека високото образование и религијата треба да бидат одделени.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
