Протест на судската администрација во Тетово

Денес за прв пат и вработените во судската администрација од Основен суд Тетово одржаа двочасовен протест од кој побараа зголемување на платите како кај судиите. Од минатата недела низ цела држава судската администрација протестира и бара зголемување на платите од 78 отсто исто како кај судиите. Воедно се бара зголемување на додатоците на плата.
-Суштината на протестот е што на судиите им се зголемени платите за 78 отсто, а на вработени во судската администрација платата им е зголемена за 10 проценти но поради усогласување на платите согласно Колективен договор. Има голема разлика. Иако имаат ист степен на високо образование, судиите имаат четири пати или 400 отсто повисока плата од стручните соработници. Таква голема разлика нема ниту во здравството помеѓу лекар специјалист и медицинска сестра, а не помеѓу вработени со ист степен на образование, објаснуваат дел од вработените во разговор со новинарите.
Тие не работеа од 9 до 11 часот по што продолжија со работните обврски. Синдикален марш на судска администрација со истото барање е предвидени денес од Кривичен суд до Судски совет во Скопје во 13 часот и 30 минути. Минатата недела судската администрација од повеќе судови низ државата веќе организираа јавни протести.
Ново на Сител
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
-

Тема на денот со Саша Богдановиќ, претседател на Српска демократска лига
-

Мицкоски од Црна Гора: Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но поради вештачки причини не ги почнавме преговорите
-

Евроамбасадорот Рокас очекува заедничка иднина со ЕУ и инвестиции во одбраната
-

По бегството во Бугарија, Ива Михаилова ќе се суди во отсуство
