-->
-->
Протест ,,Правда за уставобранителите - Слобода за Македонија‘‘ вечерва во Скопје
-->
Семакедонски протест „ Правда за уставобрнаителите, слобода за Македонија“ вечерва ќе се одржи пред Владата. Организтор на протестот се македонски заедници и организации од дијаспората, а повод како што велат се настаните во Собранието на Македонија на 27 април.Протестот ќе почне во 18.30 пред зградата на Владата каде ќе биде прочитана Декларација со барања, а потоа ќе продолжи со марш преку центарот до Собранието.
Организаторите повикуваат на протестот да им се придружат сите граѓани, но и политички партии и здруженија. Сепак, нагласуваат дека на собирот ќе треба да дојдат без партиски знамиња и ќе нема обраќања на претставници на партиите.
Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе дадоа поддршка на протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протестот. Од власта пак, велат тоа не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

За школски прибор се потребни до 10.000 денари, утре ќе се знае дали ќе има „училишна кошничка“
-

Евростат објави благ пораст на инфлацијата во еврозоната, ЕЦБ ќе одлучува за повисоки камати
-

Open AI го лансираше „Chatgpt за тинејџери“: Дали сега младите се побезбедни во дигиталниот свет?
-

38 заразени со западнонилска треска
-

Јаневска: Училиштата редовно се дератизираат
-

Огромен пожар го проголтува Мариово, с. Крушевица засега е безбедно, но ситуацијата се менува од минута во минута
-

Нова сензорна просторија за децата со аутизам во Штип
-

Преглед на вестите од светот
