Свет
25. July 2019 - 8:14

Протест против Борис Џонсон во Лондон

Илјадници луѓе синоќа во Лондон протестираа против наследникот на Тереза Меј, Борис Џонсон.

Демонстрантите на двокатен автобус држеа говори против политиката на Џонсон, а протестот беше поддржан од различни граѓански организации, меѓу кои и движењето „Моментум“, кое е тесно поврзано со Лабуристичката партија, главната опозициска сила во британскиот Парламент.

– Влеговме во политичка епоха, во која фактите немаат значење и Џонсон исклучително успешно го користи тоа, изјави лондонскиот универзитетски професор Енди Јангар.