Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Неготино
Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва организираше протестен марш во Неготино.
Пред присутните се обрати Анастасија Стојановска, дипломиран правник и вработена во Неготинскиот музеј. - Протестите продолжуваат заради зачувување на унитарноста на Република Македонија и за отфрлање на тиранската платформа со која сакаат да ни го уништат нашиот идентитет кој се докажува со богатите археолошки наоди и со остатоци од материјалната култура кои ги има ширум цела територијата на Република Македонија, рече Стојановска.
Ние, посочи, имаме материјални остатоци од македонската држава и од македонските владетели, кулминирајќи со Александар Македонски, имаме монети со ликот на македонски владетели кои се изложени и можат да се видат во музеите низ Македонија.
Потенцира дека со тиранската платформа се сака да се уништи македонскиот јазик.
- Не може да бидат двата јазика рамноправни, затоа што се знае дека во унитарна држава како Република Македонија, имаме само еден службен јазик. Тој службен јазик е македонскиот, се врзува со македонската држава и се врзува со македонскиот идентитет, но и со унитарниот карактер на државата, рече Стојановска.
Таа нагласи дека не постои ниту една држава во светот којашто има унитарен републикански карактер, а каде што два службени јазика се во употреба, односно каде што има два официјални јазика на цела територија на државата.
- Не постои таков пример. Затоа што јазикот е еден елемент којшто е дел од државотворниот карактер на државата, дел од идентитетот, но и од клучните столбови врз кои се заснова една држава, додаде Стојановска.
Таа рече дека станува збор за платформа која е „подготвена во друга држава и пост-изборно ампутирана во процесот на формирање ново парламентарно мнозинство“.
-Оваа платформа не е гласана од граѓаните на Република Македонија што претставува флагрантно кршење на Уставот и целосна дискредитација на изборната волја на граѓаните.Неприфатлив е обидот во Македонија да се всади антиуставна и велепредавничка платформа создадена во друга држава, а зад која што стојат институции на други држави и скриени фактори, подвлече Стојановска.
Посочи дека целосно е неприфатливо однесувањето на официјалните претставници на ЕУ кои, како што додаде, решиле да замижат пред флагрантните повреди на правото на ЕУ и на европските принципи на добрососедска политика и владеење на правото.
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување