Протестен марш на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Охрид
Граѓани на Охрид попладнево повторно излегоа на улица во знак на поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Со протестен марш низ улиците на градот ја искажаа својата поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, изразувајќи ја својата загриженост за иднината на државата и за зачувување на унитарноста на Република Македонија.
- Човекот има две души, едната која го влече нагоре кон небото, другата е онаа која се влече по земјата каде сме сите заедно. Затоа мојата порака е сите заедно, сите етнички заедници да се погледнеме едни во други, сите да бидеме за заедничка Македонија. Пораката од Охрид е доаѓа лето, ќе дојдат туристи, да имаме со што ќе се пофалиме. Затоа да ја сочуваме Македонија, вонредни парламентарни избори и кој ќе победи да формира влада, рече во име на учеснциите на протестот Петар Нечоски.
Протестниот собир почна кај охридската гимназија, па со марш низ централните улици на Охрид да заврши на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.
Ново на Сител
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа
-
Штип под снежна покривка од 35 сантиметри
-
Гаши вели дека завршил со Даути, за нејзино разрешување надлежен бил друг