Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп
Вистината се слуша и во градот херој-Прилеп, рече на денешниот протестен марш во Прилеп претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицковски. Маршот заврши пред зградата на локалната самоуправа.
Според Мицковски, власта многу ветуваше, но не исполни. Нема економски раст, ги зголемува даноците, го полни буџетот, го укина Советот за јавни набавки.
-Ми велат до кога ќе критикувате, а кога ќе почнете да нудите нешто. Ќе критикуваме се додека не ги обелодениме сите лаги и нереализирани ветувања и неисполнети очекувања, за народот да и каже доста на власта. Нам ни требаат искрени и чесни политичари, а нашата цел и визија е Македонија да биде технолошки тигар на Баканот. Поради зголемените даноци, гoлем број македонски граѓани ќе останат без работа поради даночната политика на Зоран Заев и неговите соработници на кои им се битни провизиите. Но голем дел ќе заминат од земјава, а ќе загуби домашната економија, рече Мицковски.
Критикувајќи ја власта, Мицковски ги најави протестните маршеви и во првите месеци од наредната година се до претседателските избори кога, како што рече, ќе ја има првата победа и најава за предвремени парламентарни избори. Донесоа црнила и темнина, а ние имаме обврска да ја донесеме зората која ќе навести нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин за да ги вратиме оние што заминаа од Македонија, рече Мицковски.
-Многу ветуваа. Најмалку пет проценти економијата ќе растела годишно, но нема ниту половина од тоа. Наспроти, тоа ги зголемуваат даноците, го полнат буџетот, го укинаа Советот за јавни набавки за полесно да ги договараат провизиите. Донесоа црнила и темнина, а ние имаме обврска да ја донесеме зората која ќе навести нов ден, нова надеж и правдина за секој граѓанин за да ги вратиме оние што заминаа од Македонија. Имаме методологија и можеме емпириски да го докажеме и да го направиме со рокови. Наскоро ќе ја претставиме нашата понуда. Дотогаш ќе потсетуваме на сите нереализирани ветувања, на лагите, нагласи Мицковски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори шесте барања до власта: неотповикливи оставки на министрите за внатрешни и за надворешни работи Оливер Спасовски и Никола Димитров, формирање комисија за прислушувањето судии и обвинители, да се спроведе гасификацијата, да се почитува волјата на граѓаните од 30 септември.
Ново на Сител
-
Притворот му бил укинат, па бил пратен во поправен дом - ОЈО се огласи за претходните дела на возачот
-
ОЈО бара притвор - Возачот кој ја усмртил Фросина немал дозвола, бил под дејство на алкохол и поминал на црвено
-
Средба на Сиљановска-Давкова со актуелни и поранешни членови на Комисијата за помилување: Неопходна е деполитизирана и департизирана постапка за помилување
-
Трамп: Воениот хеликоптер бил во „исклучително лоша“ позиција
-
Два автобуса со ослободени палестински затвореници стигнаа во Рамала
-
Србија: Пензионерите најавија протестна прошетка во поддршка на студентите на 5 февруари
-
Мицкоски: Прифаќаме минимална плата која ќе ja договорат работодавачите и работниците
-
Над 4.400 Романци во САД се соочуваат со депортација, за над 1.300 веќе се издадени решенија