Македонија
20. April 2017 - 21:05

Протестен марш на „за Заедничка Македонија“ во Куманово

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот што го организира граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија„.

Овој пат, граѓаните тргнаа од Соколански парк, поминаа низ централните градски улици и маршот го завршија пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.
 
Граѓаните бараат да се заштити унитарниот карактер на државата и целосно да се отфрли тиранската платформа. Велат дека нема да дозволат менување на химната, знамето на државата, ниту пак да се воведе двојазичност на територијата на целата држава. Кумановци велат дека ќе продолжат со протестите и дека нема да дозволат да се менува сето она што ја чини суштината на државата

Ново на Сител