Протестен марш низ Охрид со иницијативата „За заедничка Македонија“
Граѓани на Охрид и попладнево се собраа на марш низ улиците на градот, како дел од собирите што се организираат низ земјата во рамки на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Во име на учесниците на протестот говореше Елена Гули, правнука на славниот илинденски војвода Питу Гули, која ги повика сите Македонци да излезат на улиците и да ја изразат поддршката кон татковината.
- Секој да излезе надвор и да покажеме колку сме. Не ни треба платформа однадвор, да си ја браниме државата што со крв е спечалена, што ни ја оставија нашите дедовци, прадедовци. Аманет ни е оставен да ја браниме Македонија, доста е со нејзини поделби, рече таа, изразувајќи поддршка за претседателот Ѓорѓе Иванов за кој рече дека застанал на браникот на татковината.
Група средношколци од Охрид претпладнето излегоа да протестираат за, како што рекоа, зачувување на унитарноста на државата и јазикот и заштита на националните интереси.
Тие прво се упатија кон дворот на охридската гимназија, а потоа и кон средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“, со повик до своите врсници да се придружат кон протестот. Откако тоа не се случи, тие со полициска придружба продефилираа низ улиците во центарот на градот и чаршијата, од каде се упатија кон плоштадот „Св. Климент Охридски“ за по кусо време да се разотидат.
Ново на Сител
-
Сончево и топло со мала до умерена облачност
-
Обвинителство бара од полицијата да провери информации за наводен контакт меѓу Универзитетот и Воениот синдикат во Белград
-
Тешка сообраќајка вечерва во Влае
-
Полиција за разбивање демонстрации пред Пионирски парк во Белград
-
Илјадници луѓе се собираат во Белград за утрешниот протест
-
Зеленски: Американски сателити може да гарантираат примирје во Украина
-
Дутерте преку видеоврска се појави пред судот во Хаг поради обвиненија за убиства
-
Киев: Подготвени сме да потпишеме договор за минерали, чекаме одлука од САД