Протестен „Марш за ангелите“ се одржа во Кочани

Голем број граѓани од Кочани денеска учествуваа во протестниот „Марш за ангелите“ што го организираа семејствата на починатите млади во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Мирниот собир почна во Паркот на Револуцијата во 12 часот и 5 минути, како симбол на задоцнетата институционална реакција, а потоа граѓаните се упатија кон Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството.

Задржувајќи се кратко пред институциите, присутните упатија прашања за одговорноста на надлежните и побараа правда за своите деца.
- Кој ги уби нашите ангели, кој ги уби нашите херои и кој ги пеплоса тие ангелски лица, истакна една од мајките на починатите.
Присутните додадоа дека ако сите институции си ги извршувале своите задачи до трагедијата немало да дојде. Маршот заврши на истото место од каде што и почна, а граѓаните нагласија дека ќе бараат правда за своите најмили.
Претходно, во писменото известување за маршот организаторите нагласија дека тој не е за лицата од обезбедувањето во дискотеката, а граѓаните кои не го прифаќаат тоа укажување не мора да се приклучуваат.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
