Протестен марш за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ во Кочани

Граѓаните на Кочани и вечерва ги продолжија мирните протести за подршка на иницијативата „За заедничка Македонија“ со масовно присуство на улиците на градот.
И вечерва граѓаните на мирен и достоинствен начин, сплотени во граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија дадоа полна подршка за зачувување на унитарноста на државата.
Со транспаренти на кои пишуваше „стоп за тиранската платформа сакаме единствена и целовита Македонија“ и со симболи на здружението „Мактеон“ од Кочани беше искажана непоколебливата битка во опстојувањето на државата.
По обиколката низ улиците на градот учениците на мирниот протест се собраа во паркот на револуцијата пред споменикот на Никола Карев каде што на присутните им се обрати познатиот рокер Симеон Иванов Канго.
-Браќа и сестри Македонци, дојде времето сплотени и со заеднички сили да ја отфрлиме тиранмската платформа и да не дозволиме поделба на нашата Македонија.Да се спротивставиме на напорите за наше разединување и за воведување на албанскиот јазик за втор службен јазик во државата. Ние сме Македонци и Македонци ќе останеме за навек. Да живее нашата Македонија, истакна Канго.
За утре граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ закажа нов протестен собир и ги повика граѓаните на Кочани масовно да се придружат.
Протестен марш вечерва се одржа и во Виница.
Ново на Сител
-

Скопје ќе биде домаќин на Европското првенство во кикбокс: Над 1.000 натпреварувачи од 41 држава, Македонија ќе атакува на четири медали
-

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија
-

Инстант лоз „Хороскоп“ на Државна лотарија
-

Менувал оценки, бришел испити и запишувал семестри за пари – полициска акција во Штип и Скопје
-

Неизвесен е настапот на Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз
-

Зеленски изјави дека хакирањето на руската апликација за предупредување било одмазда
-

По 28 години пешачење околу светот, Карл Бушби конечно се врати дома
-

Северна Кореја ги отфрла обвинувањата на САД за хакирање на „Бајнанс“
