Протестен марш за унитарна Македонија во Пехчево и Берово

Протестен марш за унитарна Македонија и против т.н. тиранска платформа попладнево се одржа во Пехчево.
- Не смееме да дозволиме некој да си игра со судбината на македонскиот народ, мора цврсто да му кажеме „не“ на Заев и неговите поддржувачи. Нека дојде овде Хан, одовде да го слушне гласот на народот, порача претстедателот на Планинарското друштво „Кадиица“ Марјан Митриновски.
Во име на сите планинари, додаде, даваме збор дека ќе ја одбраниме Македонија, нејзината независност, суверенитет и интегритет и ќе си ги зачуваме нашите симболи, грбот и знамето. - Јас сум горд што сум Македонец и како планинар, на сите врвови што сум се качувал ова знаме сум го носел и со гордост сум се кажувал Македонец, истакна Митриновски.
Протестниот марш помина мирно низ улиците во центарот на Пехчево. Марш попладнево се одржа и во Берово.
Ново на Сител
-

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во 2024
-

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот кон ГП Ќафасан во двата правца
-

Учениците од денеска на зимски распуст
-

Повредени две лица во сообраќајка на патот Кочани –Штип
-

Русија вели дека Украина вчера ја нападнала Москва со дронови
-

Сончево и студено
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
