Протести на полицијата во Атина

Припадници на грчката полиција денеска се собраа пред зградата на Парламентот во Атина, на протести против реформите на пензискиот систем.
Демонстрантите беа блокирани од нивни колеги од обезбедувањето на зградата, но немало инциденти, јавија грчките медиуми.
Претставник на Унијата на полициските синдикати за грчката телевизија „Мега“ изјави дека на протестот полицајците дошле во униформи.
На еден од транспарентите на протестите полицијците напишаа: „Алексис Ципрас зошто го убиваш својот народ“.
- Со овој протест сакаме да упатиме порака дека грчката полиција е дел од народот и дека ние ќе се бориме заедно со нашиот народ, рече синдикалниот претставник Григорис Геракаракос.
Денешните протести на полицијците се во рамки на протесната кампања организирана по повик на струковите синдикати на бебзеднсните сили против предложените пензиски реформи од страна на Владата.
Ново на Сител
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
-

Охрид ќе добие нови летни сцени
-

Индустрискиот симбол на Штип што исчезна
-

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Кога Македонците ќе зборуваат во Унијата по цени како дома?
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
