Протести на ВМРО-ДПМНЕ за преговорите со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ на три раскрсници во Скопје и неколку градови во државава од 15 часот излезе на протести кои вчера претседателот на опозицијата Христијан Мицкоски ги најави како протест на кој бараат документот за кој, како што велат, преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата Влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста.
Пратеникот во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски од пред раскрсница кај Градската болница рече дека бараат власта да покаже дали се преговара за идентитетот или јазикот и повика да не се прават грешни чекори и да се покаже за што се преговара. Најави дека на улиците ќе бидат и следните денови со очекување да дознаат за што се преговара.
Неговиот партиски колега Тимчо Муцунски пак нагласи дека потврдата на бугарскиот министер за надворешни работи дека бугарските позицији во спорот се предвидливи и конзистентни за разлика од нашите. Тој побара граѓаните да знаат за што се преговара. Вели дека веќе слушнале дека не се преговара за идентитетот или јазикот но, според него, праксата на Владата била попусливост и откажување од јавно декларираните заложби за нашата држава.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера рече дека од високи дипломатски извори и од Брисел, но и од официјална Софија, дознале дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот Парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ.
Ново на Сител
-
Почина Папата Франциск
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Стојаноска: Чернодрински ќе се одржи во Прилеп по секоја цена, нема да го земе ниту еден друг град
-
Охридските компании се соочуваат со недостиг на кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Антонио Апостолски од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-
Христијаните во земјава го одбележаа најголемиот празник - Воскресение Христово Велигден
-
Државно-партискиот врв го честиташе Велигден