Протести во Мадрид за единствена Шпанија

Илјадници граѓани се собраа денеска во Мадрид во знак на поддршка за единствена Шпанија, еден ден пред одржувањето на забранетиот референдум за независност на Каталонија.
Учесниците на протестот се собраа на плоштадот Плаза де Сибелес пред градското собрание, извикувајќи „Каталонија е дел од Шпанија“, „Јас сум Шпанец, Шпанец, Шпанец“, што обично се слуша на фудбалските натпревари на шпанската репрезентација.
Некои од демонстрантите бараа апсење на каталонскиот претседател Карлес Пучдемон, кој вети дека референдумот ќе се одржи по било која цена, иако шпанскиот Уставен суд одлучи дека гласањето е незаконско.
Владата на шпанскиот премиер Мариано Рахој, исто така, соопшти дека референдумот е нелегален и вети дека ќе направи се што е можно да го спречи неговото одржување.
Протести за поддршка на обединета Шпанија се одржаа и во градовите Севиља, Палма де Мајорка, Барселона и Сантандер.
Ново на Сител
-

Охриѓанец му се заканувал со пиштол на сосед за паркинг место
-

Двајца малолетници тешко повредени откако се превртеле со четирицикл
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
