Протести во Охрид за поддршка на иницијативата „За заедничка Македонија“
Во Охрид вечерва 12-ти ден по ред се одржаа протести за поддршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
- Достоинствено, чесно стоиме на браникот на татковината, за унитарна, независна и слободна Македонија. Граѓаните низ целата земја го собираат гневот, генот што го носат во себе, македонското чувство во нив, затоа што низ историјата сме страдале од душмани, како надворешни така и внатрешни, какви што за жал има и денес, рече професорот по историја Илија Рапешоски со што во име на учесниците ја исптаи пораката на вечерашниот протест во Охрид.
Тој ги повика сите граѓани да издржат заедно единствени за одбрана на унитарна и независна Македонија.
- Не повикуваат на заедништво, зближување, соработка... Со кого ќе соработуваме, со Зијадин Села кој ги негира нашето знаме, грб, химна. Со нив ли ќе се соработува, со предавниците кои физички се присутни во Македонија, а со паметот и се друго се во голема Албанија, рече Рапешоски.
Кирил Јосифовски, потомок на Јонче и Јордан Јосифовски, востаници од четата на Дејан Војвода кои во 1903 година загинаа како борци во Илинденското востание, им порача на Заев и Села да не плукаат по историјата на македонскиот народ.
Собраните граѓани од протестот упатија заедничко барање за целосно отфрлање на платформата на албанските политички лидери, за која сметаат дека е директен атак врз унитарниот карактер на Република Македонија.
Вообичаено, како и претходните два дена учесниците на протестот се собраа на плоштадот кај охридската Гимназија, по што се упатија низ улиците во централното градско подрачје до Градскиот плоштад.
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила