Бизнис
22. November 2020 - 16:33

Протести во Пржино, жителите бараат ревизија на ДУП

Стопирање со градба и ревизија на ДУПОТ бараат жителите на Пржино, откако пред 3 дена се урна потпорниот sид на местото каде треба да никне 6 катница. На мирен протест го искажаа револтот против одобението на општината - во слепа уличка, без фекална и атмосферска канализација, без можност за паркинг простор, да се гради 18 метарско здание. Стравуваат дека просторот не е безбеден, а нивните животи се загрозени.

Градоначлникот Темелковски по уривање на потпорниот ѕид на жителите им ветил мораториум на изградбата, додека не се направи геомеханичко испитување. Од резултатите ќе се одлучи што понатаму. Од инвеститорот бара веднаш да го санира урнатиот дел, за да не се случи свлечиште. Тој пак, за Сител неделава изјави дека  ги има сите одобренија за градба, ги платил сите комуналии, а Деталниот Урбанистички план е донесен уште во 2016 та година. Ако не сакале зграда жителите на Пржино требало тогаш, а не сега  да протестираат. Тие пак, не отстапуваат од намерата – блокада и протест се додека не се повлече одобрението за градба.