Протести во Зимбабве: 80 демонстранти приведени, седуммина повредени
Седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, а 80 се приведени за време на антивладините протести во главниот град на Зимбабве, Хараре.
Полицијата употреби солзавец и со палки ги удираше демонстрантите за да го задуши протестот, пренесува Танјуг. Една жена изгубила свест откако била претепана од полицијата.
До насилството дојде кога неколку стотици демонстранти се собраа на Плоштадот на африканското единство во центарот на главниот град, и покрај забраната за одржување демонстрации, поддржана од Високиот суд.
Организациите за заштита на човекови права ја критикуваа полицијата, тврдејќи дека употребила прекумерна сила, што полицијата негираше.
Организаторите на протестите велат дека сакале на мирен протест да извршат притисок врз претседателот Емерсон Мнангагва за да воспостави преодна влада која ќе ги реши економските проблеми и ќе организира кредибилни избори.
Ново на Сител
-
Расте бројот на повредени лица, најкритичните се транспортираат на лекување во странство
-
Муцунски: До сега, наши пациенти има во Турција, Бугарија, Грција, Србија, Литванија и Унгарија
-
Тошковски: Градоначаникот на Кочани поднесе оставака, во тек е распит на осомничени за трагедијата
-
Во Кочани во тек е истрагата и распитот на осомничените, градоначалникот поднесе неотповиклива оставка
-
Крешник Бектеши е се уште во полициската станица
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО