Протести во Зимбабве: 80 демонстранти приведени, седуммина повредени
Седум лица се повредени, од кои едно е во критична состојба, а 80 се приведени за време на антивладините протести во главниот град на Зимбабве, Хараре.
Полицијата употреби солзавец и со палки ги удираше демонстрантите за да го задуши протестот, пренесува Танјуг. Една жена изгубила свест откако била претепана од полицијата.
До насилството дојде кога неколку стотици демонстранти се собраа на Плоштадот на африканското единство во центарот на главниот град, и покрај забраната за одржување демонстрации, поддржана од Високиот суд.
Организациите за заштита на човекови права ја критикуваа полицијата, тврдејќи дека употребила прекумерна сила, што полицијата негираше.
Организаторите на протестите велат дека сакале на мирен протест да извршат притисок врз претседателот Емерсон Мнангагва за да воспостави преодна влада која ќе ги реши економските проблеми и ќе организира кредибилни избори.
Ново на Сител
-
Крешник Бектеши се уште е на разговор во полициска станица Карпош
-
Најголем број од повредените од Кочани се во скопските клиники
-
Во тек се рочишта за пожарот во дискотеката во Кочани, се уште тече истрагата на ЈО
-
Се уште нема нови информации од информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот