Протести за измените на Кривичниот законик и постапката за Онкологија, Меџити очекува истрагата да заврши во најбрз рок
Министерот за здравство не сака да споделува информации дали и како биле третирани косовски пациенти на Онкологија бидејќи случајот е во предистражна постапка. Во прибирањето на докази Обивинителството, пак, најави дека ќе бараат помош од надлежни институции во Косово и Албанија за евентуален третман на нивни онколошки пациенти во Македонија и какви лекови добивале.
Меџити побара што побрзо да има епилог за пациентите да ја вратат довербата кон лекарите и здравствените институции.
- Очекувам што побрзо на оваа неизвеснот да се стави крај. Затоа што во прашање е и образот на здравствените работници. Еве и јас како лекар и прв човек во министеството, да не се злоупотребува јавноста со секакви шпекулации, затоа што се работи за човечки животи, вели Фатмир Меџити, министер за здравство.
Сите онколошки пациенти што се обратиле овој период во Министерството за здравство ги препратуваат во Обвинителството, од каде велат дека продолжува финансиската истрага за Онкологија.
Во надворешниот тим од експерти што им помага на истражителите има и медицинско лице кое ги разгледува болничките истории а во меѓувреме продолжува распитот на пациенти и членови на семејства кои доброволно се јавуваа кај надлежните обвинители. И додека министерот за здравство очекува што побрза разврска на случајот, не знае кога на Онкологија ќе се врати КАТО системот за контрола за терапијата.
- Во скоро време ќе излеземе со информација дали ќе се користи системот КАТО или нов систем, сега не можам да споделам, но ќе има таков систем кој ќе биде за контрола и најбитно е да има навистина одговорни луѓе за тој систем да функционира како што треба, вели Меџити.
Покрај скандалот со Онкологија кој е во рацете на Обвинителството, Меџити прави контроли и инспекции и за други случаи за злоупотреби на пациенти. Една од нив е за Мој термин и злоупотребите за хируршки операции кога на пациенти им се кажува дека нема место, но за со пари може. Кога ќе собере докази, првиот човек во здравствениот систем најави дека ќе ги достави до Обвинителство.
Во исто време тимови од министерство прават попис колку нови апарати наместо во функција фаќаат прашина во подруми и како да проработат.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар