-->
-->
Протестот кај Калимаш премина во насилство
-->
Најавен како мирен, протестот против воведената патарина на „Патот на нацијата“ од самиот почеток почна со инциденти, за да премине во насилство, со повредени лица. Демонстрантите кај тунелот Калимаш, веднаш почнаа да фрлаат со камења по полицијата, по што таа возврати со гумени палки и созавец.
Демонстрантите целосно го уништија наплатниот пункт и истот го „зазедоа“, бидејќи полицијата се повлече. Насобраниот народ најави порадикални мерки, како палење на пунктот, доколку не се повлече одлуката за воведување на патарната.
Автопатот Тирана-Кукс-Морина или како што го нарекуваат „Патот на нацијата“ е во должина од 110 клометри и истиот освен транспортните претпрјатија, го користат и косовските туристи. Патарината е во висина од 2,5 евра за моторцкл, пет евра за автомобил, 11,2 евра за авотбуси, комбиња и камиони со помала носивост, додека камоните со голема носивост 22,5 евра.
Во четвртокот косовски камионџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот. Ним им се приклучија десетици трговци од Албанија со сопствени камиони, при што се создаде колона долга неколку километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
