-->
-->
Протестот кај Калимаш премина во насилство
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/march/134191514-171834.jpg?itok=apBc_-bt)
Демонстрантите кај тунелот Калимаш, веднаш почнаа да фрлаат со камења по полицијата, по што таа возврати со гумени палки и созавец.
Демонстрантите целосно го уништија наплатниот пункт и истот го „зазедоа“, бидејќи полицијата се повлече. Насобраниот народ најави порадикални мерки, како палење на пунктот, доколку не се повлече одлуката за воведување на патарната.
Автопатот Тирана-Кукс-Морина или како што го нарекуваат „Патот на нацијата“ е во должина од 110 клометри и истиот освен транспортните претпрјатија, го користат и косовските туристи. Патарината е во висина од 2,5 евра за моторцкл, пет евра за автомобил, 11,2 евра за авотбуси, комбиња и камиони со помала носивост, додека камоните со голема носивост 22,5 евра.
Во четвртокот косовски камионџии со 150 празни камиони пристигнаа на преминот Морина, на албанско-косовската граница кај Кукс, во знак на незадоволство поради одлуката на албанските власти од 15 април да почнат со наплата на патарина на автопатот. Ним им се приклучија десетици трговци од Албанија со сопствени камиони, при што се создаде колона долга неколку километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разрешен директорот на Агенцијата за разузнавање
-
Тема на денот со Јован Деспотовски, кандидат за претседател на СДСМ
-
Бајдевски засега останува во трката
-
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ, обвинува за нефер изборен процес
-
Прва владина седница
-
Балансерот заминува во историјата, со ова се поткопува Охридскиот договор - Реагира ДУИ
-
По Главчев и Мицотакис се жалел во Брисел дека Македонија не ги исполнува обврските
-
Преполовен бројот на Македонци во Албанија, првпат потпишани и Бугари