Прскање против комарци во Скопје

Во сабота и недела (26 и 27 септември) ќе се изврши авионска и терестрична дезинсекција против комарци на територијата на градот Скопје.
Како што соопштија од Градот Скопје, петтиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, против комарци, ќе се одвива во сабота и недела во период од 5:30 до 8 часот. Аеросолната дезинсекција (терестрична) ќе се одвива во деновите од 27 септември до 1 октомври во период од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, дека авионската дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Од Град Скопје ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Опозицијата го опструира носењето на Изборниот законик
-

Покачувања на цените во рестораните и кафулињата
-

Кошмар во Штип, додека спиеле багер им срушил дел од куќата
-

Ќе се деминира трасата на автопатот од Прилеп до Битола
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ на централен одбор расправа за пратеничката Славјанка Петровска
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Еврокомесарката Кос во посета на Скопје
