Прв квартален извештај за квалитетот на дебатата во Собранието

Зголемување на интензитетот на собраниските дискусии и на интеракцијата меѓу пратениците од различни блокови во Парламентот и пад на квалитетот на дискусијата, како и неподготвеност за промена на позициите од страна на пратениците, покажува првиот квартален извештај од мониторингот на квалитетот на дебатата во Собранието во периодот септември - ноември 2015 година, изработен од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ во рамки на проектот „Собранието под лупа“.
Според извештајот, во периодот од 1 септември до 30 ноември се анализирани 1.660 дискусии од 51 различна точка од дневниот ред кои се однесуваат на темите – владеење на право, човекови права и слобода и јавни финансии.
Според Јане Димески од Институтот, интересно е дека враќањето на опозицијата во Собранието го засилува интензитетот на дискусијата така што поголем дел од говорите (55 проценти) се на опозицијата, а репликите на владејачкото мнозинство.
Димески нагласува дека само во седум проценти од дискусиите биле изнесени повеќе од два аргумента, додека 31 процент од дискусиите биле без аргументи.
Во овој период најдебатирани теми биле Предлог-буџетот на РМ за 2016 година, Предлог-законот за измени на Законот за минимална плата, Предлог-законот за амнестија и Предлог-законот за задолжување кај странски банки за гасификација.
Проектот „Собранието под лупа“ е финансиран од Швајцарската агенција за поддршка и развој и вклучува 28-месечно набљудување на квалитетот на собраниската дебата. Во проектниот период се предвидени девет квартални извештаи за квалитетот на дебатата во Парламентот и девет квартални извештаи за медиумското известување на работата на пратениците.
Ново на Сител
-

Бахреин ги осуди иранските напади
-

Приведен 76-годишен маж од Гостивар, возел мопед без дозвола
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка
-

Почна полагањето на државната матура, годинава полагаат 14.500 ученици
-

Израелската армија уби бебе во Западен Брег
-

САД со дополнителни 38 милиони долари за борбата против епидемијата со ебола
-

Песков за односите Русија – САД: За танго потребни се двајца
-

Силјановска Давкова: Шест децении сцената на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е простор на највисоки дострели на македонската театарска уметност
