Прв пораз за Алкалоид на шаховскиот ЕКК

Во драматичен дуел од шестото коло на годинашното Европско клупско првенство, екипата на Алкалоид е поразена од Валеренга со 3,5: 2,5 и со тоа ги загуби шансите за највисок пласман.
Победата на норвешкиот тим ја обезбеди Нилс Гранделиус кој на третата табла со бели фигури го совлада Дмитри Андрејкин. На останатите пет табли партиите завршија реми. Покрај Андрејкин за Алкалоид играа Динг, Ју, Јаковенко, Елјанов и Криворучко.
Вториот македонски претставник Гамбит Асеко СЕЕ забележа победа од 3,5:2,5 против Реховот Чесс Скул од Израел. За Гамбит Асеко на овој дуел настапија Арнаудов, Данчевски, Николовски, Стојчевски, Динев и Андоновски.
На табелата Алкалоид е седми со 9 бода, Гамбит е на 13.место со 8 бода.
Во последното коло Алкалоид игра со Беер Шева, а Гамбит Асеко за противник го има Вуд Грин.
Ново на Сител
-

Мицкоски бара извинување од Трендафилов за навредите кон Стојаноска
-

Повластени тарифи за 60 производи
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците денеска го блокираат Сојузот на стопански комори
-

Кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција?
-

Саит Саитов приведен во Србија, се чека негова екстрадиција
-

Мицкоски: Запленетата дрога ќе надмине 100 тони, дел од вмешаните веќе се приведени
-

Садула Изари ја презема функцијата член на Судски совет
