Прв пробен лет на новиот „Ербас A350-1000“

Од аеродромот во Тулуз изутринава полета првиот модел на новиот двомоторен авион на „Ербас“, A350-1000, јави дописникот на МИА од Париз.
Новиот „Ербас А350-1000“ е најголем цивилен авион на европски авиопроизводител, за кој компанијата се надева дека ќе претставува сериозна конкуренција на моделот „Боинг 777“.
Авионот е изграден од јаглеродни влакна што го праби полесен. Тој е седум метри подолг од веризјата А350 и може да понесе 40 лица повеќе.
Првиот лет, на кој присуство неколку извршни директори на авиокомпании кои имаат инвестирано во авионот, предвидено е да трае три часа.
A350-1000 е дизајниран за да го разбие монополот на пазарот што го има „Боинг“, кој во моментов доминира на профитабилниот сегмент на т.н. „мини-џамбо“ летала.
Авионот што полета изутринава е еден од трите модели на A350-1000, за кои е предвидена интензивна програма на тест летови во текот на оваа зима. Официјално пуштање во комерцијална употреба на овој тип летала е предвидено за втората половина на 2017 година.
A350-1000 е долг 74 метри, односмо 130 сантиметри подолг од моделот A380, со е најдолгиот авион во палетата летала на „Ербас“. Тој во стандардната верзија ќе може да прими до 366 патници во три класи и ќе има долет од 12.700 километри.
До 30 септември годинава „Ербас“ доби 195 нарачки на А350-1000.
Ново на Сител
-

Започнува модернизацијата на пазарот во Ново Село, инвестиција вредна над 11,5 милиони денари
-

Неопходно е да се направи дигитална археолошка карта
-

Преглед на вестите од светот
-

Oпозициски прашања во Собранието
-

Реакции по укинувањето на пресудите за Ласкарци и Стевчо Јакимовски од Врховниот суд
-

Претрес на 32 локации за откривање на фалсификаторите на возачки дозволи
-

Мицкоски најавува поевтина струја – Филипче не верува
-

Мицкоски: Mногу бргу ќе има решение за нов клинички центар
