Прв „слободен“ Велигден за Грците, но со поскапи цени
По пауза од две години поради пандемијата, карантините и строгите рестрикции, Грците оваа година велигденските празници ќе ги поминат слободно, без никакви ограничувања, но со поскапа велигденска трпеза, јави дописничката на МИА од Атина.
Инфлацијата и поскапувањата донесоа и зголемување меѓу десет и 19,2 отсто на велигденската трпеза, а според податоците од Институтот за трговија и услуги на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво, се движи меѓу 67,70 и 95,20 евра.
Дописничката на МИА од Атина и оваа година го посети пазарот за месо „Варвакиос“, од каде што Грците, традиционално, секоја година се снабдуваат со јагнешко месо за Велигден.
Сопствениците и потпретседателот на пазарот велат дека се обидуваат цените да ги задржат на ланското ниво.
-Цените се нормални. Осум, девет, десет евра се цените. Има доста народ што пазари. Не можеме да правиме споредба со лани, бидејќи лани имаше и карантин и забрана за движење меѓу општини, меѓутоа, во споредба со 2019 година, мислам дека ситуацијата е подобра, вели потпретседателот на пазарот Ниотис Андреас.
Од граѓаните, некои само разгледуваат и споредуваат цени, други купуваат, но мнозинството се согласни дека цените се добри.
-Да ви кажам најискрено не знам колку беа лани, поради карантинот не можев да дојдам до тука, па пазарував од супермаркет. Гледам десет евра е кило, милам дека е добра цена, бидејќи минатата седмица кога поминав беше 15 евра, вели повозрасен Грк.
Друг коментира дека внимателно одбираат и квалитет, но и да не биде многу скапо.
-Цените се добри. Ако направам споредба со ланските цени, но и со цените од 2019 година, разликата е многу мала, вели повозрасен брачен пар, додека одбира јагнешко месо.
Оваа година одлучиле за Велигден да останат во Атина, со надеж дека така ќе ги намалат непотребните трошоци.
-Последната сметка за струја беше двојно, ако не и тројно повисока. Не сме за патувања и шетања, велат тие.
Годинава за Велигден е првпат од 2019 година кога по пауза од две години, за велигденските празници не постојат никакви ограничувања за Грците во однос на патувањата меѓу региони, со оглед на тоа дека лани, но и во 2020 година, поради карантините и строгите рестрикции беше забрането движење надвор постојаните места на живеење.
Веројатно затоа, беше регистриран и рекорден број автомобили што ја напуштија Атина, односно, според грчките медиуми, над 325.000 возила од вторникот, заклучно со вчера попладне, биле регистрирано на излезните точки на градот, што е рекорд за изминатите пет години.
Изминатите денови, голема раздвиженост имаше и на атинските пристаништа.
Ново на Сител
-

Собранието избира министер без ресор, Мицкоски порача дека институциите се отворени за сите со знаење и подготвеност за одговорност
-

УХМР: За викендот стабилно време, во понеделник повторно дожд
-

Муцунски: Охрид нема да биде ставен на листата на културни наследства во опасност, ова е значаен дипломатски успех на државата
-

Пијан и без возачка дозвола излетал од пат кај Кочани, едно лице тешко повредено
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, ќе се брани од слобода, прифатена гаранција од над 1,15 милион евра
-

Охрид го задржа статусот на светско културно наследство, УНЕСКО даде нов рок за спроведување на препораките
-

Зошто младите луѓе низ целиот свет имаат тешкотии да ја добијат својата прва плата?
-

Вашингтон воведува нови царински маржи за 60 држави, реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд
