Прв заеднички состанок на националните комисии за УНЕСКО со Албанија утре во Охрид
Националните комисии за УНЕСКО на Република Македонија и на Република Албанија, утре во Охрид ќе ја одржат првата заедничка седница. Работната средба, како што е најавено, ќе ја координираат министерките за култура на двете земји, Ирена Стефоска и Елва Маргарити, кои се и претседателки на националните комисии за УНЕСКО.
Седницата, како што информираат од Министерството за култура, е посветена на идната координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион, во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО и на средбата ќе учествуваат и министерот за животна средина и просторно планирање на Македонија, Насер Нуредини како и неговиот албански колега, министерот за туризам и животна средина, Бленди Клоси.
На седницата ќе се дискутира за Нацрт-одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО за „Природното и културното наследство на Охридскиот Регион“, а ќе бидат дефинирани и приоритетите и следните чекори за заедничко дејствување, како и потпишување на заедничка изјава во насока на зачувување на статусот на светско наследство на Охридскиот Регион.
Министерките за култура Стефоска и Маргарити, на состанокот ќе потпишат и Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерствата за култура на Република Македонија и Република Албанија за периодот од 2021 до 2026 година.
Ново на Сител
-

Кратово слави, го освои Купот на Македонија!
-

Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
-

Трамп: Популарен сум во Израел, би можел да се кандидирам за нов премиер
-

Пад на цената на нафтата
-

Трамп: Не брзам да постигнам договор со Иран, Нетанјаху ќе го прави она што ќе го побарам
-

ФАО: Затворањето на Ормуз може да предизвика скок на цените на храната во наредните 6 до 12 месеци
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
