Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија

Прва конференција за инвестиции во недвижности во Македонија ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на он-лајн аукциската куќа за недвижен имот Е-аукција.мк и консултантската компанија Knowledge center.
На конференцијата ќе бидат презентирани актуелните трендови на пазарот со недвижности во Македонија и ќе се укаже на можностите кои постојат во овој сектор. Настанот е можност да се поврзат сите субјекти кои работат во оваа област.
Според најавата од организаторите, на конференцијата ќе се обратат вицегувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на Агенцијата за катастар на недвижнини Славче Трпески, како и Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништво при Стопанската комора на РМ, и Бранко Ѓуровиќ, проект менаџер на Е-аукција.мк.
Е-аукција.мк е прва онлајн аукциска куќа за недвижен имот во регионот. Таа е производ на проектот Аукциски тигар, поддржан од компанијата Knowledge centar и Фондот за иновации на РМ. Целта на „Аукциски тигар“ е да го раздвижи пазарот на недвижнини во земјата, да понуди решение за побрзи трансакции и зголемување на ликвидноста на компаниите и институциите кои имаат имот по основ на побарувања, да го отвори пазарот за странски инвеститори и фондови кај кои електронското наддавање е воспоставена пракса.
Ново на Сител
-

Андоновски: Се заокружува проектот за Центар за побезбеден интернет во Македонија
-

Средба Ѓорѓиевски - Канел: Нов импулс за соработка во образованието, културата и локалниот економски развој
-

Албанскиот премиер Рама реагираше по протестот и насилствата на опозиција, во кој се повредени 19 полицајци, а приведено е 21 лице
-

Со „рено“ удрил во 69-годишна жена па избегал
-

Трамп и Нетанјаху ќе се сретнат седми пат годинава
-

Кривична за советник од Штип: Барал пари „на рака“ од граѓани за пасоши, па си ги ставал во џеб
-

Стабилна е состојбата на повредениот во синоќешната сообраќајка кај Белви
-

ДИК едногласно усвои шест одлуки на првата седница
