-->
-->
Прва лига: Фени - Струмица за старт на 28.коло
-->

Со натпреварот меѓу Фени Индустри и Струмица што се игра попладнево во Кавадарци ќе стартуваат натпреварите од 28.то последно коло од Првата кошаркарска лига. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.
Утре се играат два натпревара од оваа рунда. Работнички во салата „Градски парк“ го пречекува Кожув, додека Бест во Гевгелија е домаќин на Куманово.
Дербито на колото се игра во недела меѓу двете првопласирани екипи на табелата МЗТ Скопје Аеродорм и Карпош Соколи. Почетокот на натпреварот што се игра во СЦ „Јане Сандански“ е во 18 часот.
Табела: МЗТ Скопје Аеродорм 51 бод, Карпош Соколи 47, Куманово 46, Фени Индустри 44, Кожув 39, Работнички 38, Струмица 32, Бест 27.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
-

Изречени 63 санкции за возење под дејство на алкохол
-

Јован Костадинов меѓу добитниците на наградата „Младинска храброст 2026“
-

Клековски: Се подготвуваме да потпишеме меморандум со СБ и ЕИБ и финансирањето на инвестициите во болниците во Штип, Тетово и Кичево
-

Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа
-

MHERO пристигнува во Македонија: Сила создадена без компромис
