Кошарка
5. February 2016 - 11:39

Прва лига: Куманово и Фени за старт на 16.коло

Со натпреварот што се игра вечерва меѓу Куманово и Фени Индустри ќе стартува 16.коло од Првата кошаркарска лига. Ова е дуел на третиот Кумово и четвртиот на табелата Фени, а со триумф домаќинот ќе ги зголеми шансите за подобра позиција во плеј офот во однос на директниот конкурент. Почетокот на дуелот е во 19 часот.

Инаку, четирите натпревари од ова коло ќе се играат во четири различни денови. Утре е дуелот меѓу Кожув и Карпош Соколи што почнува во 19 часот, додека во Гевгелија ќе се игра натпреварот во недела меѓу Бест и Работнички. Почетокот е во 18 часот.
Последниот натпревар од колото се игра во среда меѓу МЗТ Скопје и Струмица на 10.февруари.