-->
-->
Прва лига: Лидерот Карпош Соколи поразен од првакот МЗТ Скопје
-->

Нема веќе непоразени екипи во Првата македонска кошаркарска лига, откако вчеравечер во последниот натпревар од 6 коло шампионот МЗТ Скопје Аеродром со 76:72 му го нанесе првиот пораз сезонава на лидерот Карпош Соколи.
По две четвртини им припаднаа на двете екипи. Првиот и третиот период ги доби домаќинот, а вториот и последниот Соколи (24:16; 15:20, 19:16 и 18:20).
Во тимот на МЗТ Скопје најистакнати кошаркари беа Душко Буниќ со „дабл -дабл“ ефект од 18 поени и 13 скока, Ѓорѓе Дреновац со 18 поени и Дамјан Стојановски и Немања Протиќ со по 14, односно 10 поени.
Кај поразениот Карпош Соколи и воопшто на мечот најефикасен беше Антон Казарновски со 22, Филип Шепа постигна 21 поен.
По дербито во „Јане Сандански“ Карпош Соколи и МЗТ Скопје се на делба на првата позиција со идентичен скор од по пет победи и еден пораз.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Алиу: Коцкањето е зависност – превенцијата е најефективна за заштита на младите
-

Во поштенски пратки пронајдена дрога, кривична пријава ќе биде поднесена против едно лице
-

Американски министер: Во САД ќе биде безбедно, но секогаш постои осамен волк
-

Забрана за капење во Пефкохори
-

Андоновски од министерскиот состанок со Европската комисија: „Роаминг како дома“ е реална европска придобивка за граѓаните
-

Муцунски во Истанбул: Силните политички односи со Турција мора да се преточат во уште посилна економска соработка
-

Германка третпат роди близнаци
-

Приведено едно лице во штипско, затекнат е како потпалува сува трева
