Прва медицинска евакуација од Вселената

Астронаут на кој му е потребна лекарска помош ја напушти Меѓународната вселенска станица (ИСС) заедно со уште тројца членови на екипажот. Тоа е прва медицинска евакуација во историјата на Националната американска вселенска агенција (НАСА).
Пред време ќе се вратат астронаутите Зејна Кардман и Мајк Финке од НАСА, Јапонецот, Јуи Кимија и Русинот, Олег Платонов. Тоа беше четврти престој на ИСС за Финки, втор за Јуи, додека Кардман и Платонов првпат беа на ИСС.
НАСА минатата недела одби да го открие идентитетот на астронаутот на кој му е потребна медицинска нега, како и причината за здравствениот проблем. Само соопшти дека астронаутот е стабилен, безбеден и под постојан медицински надзор.
Екипажот беше лансиран во август минатата година и требаше да остане во вселенската станица до крајот на февруари. Но, на 7 јануари НАСА ненадејно ја откажа планираната вселенска прошетка, а подоцна го најави и предвременото враќање на екипажот.
НАСА соопшти дека слетувањето ќе се одвива според стандардните процедури, со присуство на медицински тимови, со спасувачки бродови, кои ќе ги преземат астронаутите по спуштањето во океанот. Сè уште не е познато колку брзо астронаутите ќе бидат пренесени од Калифорнија во Хјустон, каде се наоѓа Вселенскиот центар „Џонсон“ и базата на НАСА за астронаути.
Уште тројца астронаути работат во Вселенската станица: Крис Вилијамс од НАСА и Русите Сергеј Михаев и Сергеј Куд-Сверчков, кои пристигнаа во ноември и ќе престојуваат осум месеци. Тие беа лансирани со ракетата „Сојуз“ од Казахстан.
МИА
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
