Фудбал
19. September 2021 - 19:47

Прва МФЛ: А.Пандев го загуби врвот по „киксот“ во Битола

Попладнево се одиграа натпреварите од 7. коло во Првата МФЛ. 
Фудбалерите на Шкупи се вратија на Чаир по подолга пауза и тоа им донесе убедлива победа од 3-0 против Борец но и скок на врвот на прволигашката табела откако Академија Пандев не успеа да победи во Битола. 
Екипата на Гоце Седлоски беше подобар противник и триумфираше со двата гола на Адетуљи  и  погодокот на Цветановски. 
Во Штип  значајна победа за Брегалница од 2-0 против Тиквеш со што сините се зацврстија во средината на табелата. 
Алтипармаковски по добро изведен корнер и Дарко Додев беа стрелци на головите за домашниот тим во второто полувреме. 
Минимална победа за врвот оствари Ренова која минимално со 1-0 ја совлада Струга Трим Лум. 
Единствениот погодок гипсарите го постигнаа преку Селмани во 92-та минута., 
По 7 одиграни кола дури четири екипи, Шкупи, А. Пандев, Ренова и Работнички го делат врвот со по 14 бода. 
Резултати: 
 
Брегалница – Тиквеш 2-0
Скопје – Шкендија 0-2
Македонија ЃП-Работнички  0-2
Пелистер – А:Пандев 0-0
Ренова – Струга ТЛ 1-0
Шкупи –Борец 3-0