Loading Video...
Фудбал
19. September 2020 - 19:47

Прва МФЛ: „Лавовите“ го совладаа шампионот Вардар

Екипата на Македонија ЃП освои значајни три бода во 6. Прволигашко коло совладувајќи го градскиот ривал Вардар со 2-1. Мечот започна со рано водство на домашниот тим уште во почетната минута со погодокот на интернационалецот од Гана Басут Абдул Калид.  Радоста на лавовите не траеше долго откако Лазаревиќ по 10-тина минути успеа да го израмни резултатот на 1-1.  И кога сите очекуваа крај на првиот дел Калид повторно блесна и со својот втор погодок донесе нова предност за ѓорчепетровци со што  го реши овој натпревар иако Вардар во второто полувреме сериозно се закануваше но не успеа да избегне пораз. 
Работнички и Струга Трим Лум одиграа 1-1 во меч во кој домашните се спасија од праз во 87-та минута.  Гостите од Струга успеаја да обезбедат драгоцено водство на овој натпревар со многу дефанзија преку искусниот Цветаноски кон средината на второто полувреме.  Конечните 1-1 ги постави Тошевски на три минути до крајот на средбата.