Loading Video...
Фудбал
4. September 2022 - 19:53

Прва МФЛ: Победи за врвот на Струга и Силекс

Ретко видена фудбалска драма  следеа попладнево љубителите на фудбалот во Кратово со два пресврти која на крајот заврши со победа на Силекс против Тиквеш со 3-2.
Домашните одлично започнаа и поведоа со погодокот на Петровиќ по извонредната соло акција го реши првиот дел во своја корист. 
На почетокот на вториот дел серија изненадувања во Кратово и гостите со головите на Нгоба и Миловановиќ преоѓаат во водство од 2-1 што го запали алармот кај домашниот тим.  Следуваше извонредно продолжение на фудбалерите на Силекс и по израмнувањето на Љамалари  следуваше и комплетен пресврт во 83-тата минута со погодокот на Масевски што го исфрли Силекс на второто место на прволигашката табела веднаш зад водечката Струга која има максимални 18 бодови. 
Конечно радост во 6. Рунда за фудбалерите на СКопје кои го совладаа тимот на Победа со 1-0 со голот на искусниот Кировски.  
ПРВА ЛИГА 6.коло
Шкендија – Македонија ЃП  1-1
А. Пандев – Струга ТЛ 0-3
 Брегалница – Шкупи, 2-0
Скопје – Победа, 1-0
Силекс – Тиквеш.  3-2
 

ТАБЕЛА

1.СТРУГА ТЛ 18 (6)

2.СИЛЕКС 11 (6)

3.ШКЕНДИЈА 11 (6)

4.БРЕГАЛНИЦА 10 (5)

5.А.ПАНДЕВ 7 (5)

6.ШКУПИ 7 (4)

7.МАКЕДОНИА ЃП 5 (5)

8.ТИКВЕШ 4 (5)

9.РАБОТНИЧКИ 4 (5)

10.СКОПЈЕ 3 (5)

11.ПОБЕДА 1 (5)