-->
-->
ПРВА МФЛ: Убедлива победа на Силекс во Струмица
-->
Екипата на Силекс одигра извонреден натпревар во Струмица и славеше со 6-0 против домашната Беласица со што ја продолжи серијата победи и потврди дека е во одлична форма пред европскиот настап против Карабах во ЛШ.
Сите голови паднаа во вториот дел а серијата ја започна Ивановски по еден центаршут на Пепи Ѓорѓиев.
Вториот гол беше дело на Ѓорѓиев кој ја затресе мрежата на Беласица.
На 3-0 зголеми Ристов на 20 минути до крајот. Следуваше и вториот погодок на Ристов додека Џуриќ и Костовски кои ја потврдија хаваријата на противникот.
Во следното коло Силекс ќе биде домаќин на Пелистер, а Беласица ќе гостува кај Работнички.
ПРВА МФЛ 1. Коло
Вардар – Борец 0-1
Беласица- Силекс 0-6
Шкупи – Шкендија 2-2
Македонија ЃП – Работнички 2-1
Пелистер – А.Пандев 1-0
Ренова – Струга ТЛ 0-0
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени